You are here Home » Предлог места за посета » Сицилија

Сицилија

Sicilija hani travel tourist agency ohrid
 
Предлог места за посета и некои користни информации за вашето  патуване:

 

Taormina

и делот околу Таормина:

Самото гратче е лоцирано високо на ридот, со тесните сокачиња, етна во позадина , препорачувам да се посети и преку ден и ноќе. 

Влез во Античкиот театар зарди иконската снимка на театарот и во поздина морето и Етна. Влезница за театарот е 13 еур за возрасни и 8,5 еур за деца

Ексурзија или индивудално сами или со водич до Етна. Има добро обелeжани патеки.

Изола Бела плажата и природниот резевоар. Влезница за резервоарот е 4 еур. Вилата на осторовот е поврзана со животот на една жена.

Нема да ви откривам и сами ќе открите легендата за главите на маж и жена кои се на секаде по терасите на Сицилија, на шишарките La pigna…

Посета на Сиракуза:

За оние кои сакаат историја предлагам да се посестат остатоците од атничкиот град Неаполис кој се простира на голема површина: татарот и грчкиот и римскиот, огромните камени блокови кои или биле некогашни затвори, или домови на боговите…?!

или посета на архолошкиот музеј во Сиракуза – LINK Влезница за музејот е 13 еур за возрасни и 6,5 еур за деца  

– Прошетка низ центарот на Сиракуза и полуостровот Ortigia

по тесните лабирнстки улици се до морето. Можност да се влезе во некоја од катедралите или остаточите од грчки храмови запзени во срцето на новиот град.

– Предлог посета на селото  од филмот Кум – Savoca.

Другото лице на Сицилија:

Посета на црквата Chiesa Madre di Savoca, куќата во која е сниман филмот. И самото патување до селото е едно убаво доживавање

– Барокното граче Ното на 140км од Таормина и на 40км од Сиракуза.

Katania – најголемиот град во овој дел од Сицилја, опкуржен со лимонови плантажи, морето и во подножјето на Етна. Студентски град. Посета на центарот со баркокни градби, слончето е символот на Катанија…

За со деца може да се посети и аква забавниот парк Etnaland ЛИНК лоциран на 18км од Катаниа. Препорака да се купат влезници пред време.

Влезница за забавниот парк Themepark e 25 еур за возрасни и за деца пониски од 1,40 е 20 еур.
Влезница за аква паркот e 24 еур за возрасни и за деца пониски од 1,40 е 17 еур.

Argiento – Долината на храмовите (Valle dei Templi) – Непознатата страна на Сицилија, кое чува спомените на Грчката кулутра и место на кое се наоѓаат најзапазените грчки храмови (на видеото):

 Делот околу Палермо:

– Палермо – срцето на Сицилија, каде на едно место може да ги видите остаточите на сите култури кои минале и оставиле белег на остовот од Грчката, Римската, Арапската, Византиската, Норманската….

Посета на: Норманската Палата – Palazzo dei Normanni да се види живописот во византиско – арапски стил, Католичката катедрала една од најпознатита градви на градот, Црквата Martorana со запазените византиски мозаици, театарот Маssimo, Катакомбите Капучини (Catacombe dei Cappuccini), Ballaro пазаорт на отворено, Mondello плажата на 10км од центарот на Палермо…

– Cefalù – живописно гратче на 70км пред Палермо, за кое би ви препроачал да издвоите време за плажа и време за прошетка низ него.

Предлог плажи за посета во Сицилија:

На следниов линк може да ги погледнете локациите на плажите кои ви ги предлагам за посета во Сицилија: Кликнете на мапата подолу:

Кефалу (Cefalu)

kefalu- Сицилија предлог места за посета hani travel .mk ohrid turist agency
Нешто повеќе од еден час одалеќеност од Палермо е живописниот приморски град Кфалу. Ќе ви понуди лежерно “талкање” по калдрманите улици во средновековниот центар на градот од каде и почнува плажата Чефалу. Шеталиштето над плажата нуди изборна  ресторани и продавници за сладолед, што нуди совршена можност на плажа и прошетки.

 

Spiaggia San Vito lo Capo 

Сицилија предлог места за посета hani travel .mk ohrid turist agency
  • Сместенa во северо-западниот дел на Сицилија, Сан Вито е позната по своите фин бел песок и кристални води. Лоцирана наспроти впечатливата глетка на Монте Монако. Има барови, ресторани, клубови долж морскиот брег долг речиси 3 километри. Доколку пак  сакате качување по карпи или планинарење, стрмните околни карпи нудат неколку спектакуларни маршути. Оваа плажа е посетувана за летаот а ако повеќе сакате помирни плажи може да се посетат  затскриените плажи исполнети со флора во блискиот природен резерват Зингаро.

Isola Bela – Таормина

Isola Bela - Таормина Сицилија Sicilija predlog mesta предлог места hani.mk. hani travel ohrid tourist agency
Во превод „прекрасен остров“, плажата заедно со живописно островче со тропски растенија и цитрусни дрвја се нераздвоен дел од шармот на овој дел од Сицилија. Исола Бела беше која е во сопственост од 1890 година на британската градинарка и ботаничарка Флоренс Тревелјан и одтогаш е прогласена за заштитен природен резерват. При слаба плима, до островот може да се стигне и по копно. Се нудат ексурзии со прод кои ќе ви дадат можнот за пливање и  за нуркање, до плажи и заливи кои се богати со  корали и морски живот.
  • Mondelo, Palermо

  • https://media.timeout.com/images/105989059/1024/576/image.webp

  • Плажата Мондело е на само неколку километриодалеченост од центарот на Палермо. Долга е 1,5 км, позната по диџејски сетови и мноштовот ресторани, баров долж плажата. За енергично попладне, можете да сурфате или да пешачите до природниот резерват Капо Гало и светилникот.
  •  
  • Плажите на рибарските селца Aci Trezza и Aci Castello, Катаниа

  • https://media.timeout.com/images/105989069/1024/576/image.webp

  • Одалечени на половина час од Катанија се наоѓа ова шармантните рибарски селца Aci Trezza и Aci Castello.  Бистрите тиркизни води ви нудата можност за капење и нуркање, во позадина на планината Етна. Плажата Aci Castello е поставена наспроти импозантната глетка на норманската тврдина сместена на карпа. Aci Trezza е познато  и по Хомеровата Одисеја, по грамадните карпи во  морето; познати како „Островите на Киклопите
  •  
  • Punta Secca, Ragusa

  • https://media.timeout.com/images/105989076/1024/576/image.webp 
    Златна песочна долга плажа во селцето Рагуза е една од омилените плажи во Сицилија, Буди атмосфера на летна идила.
  •  
  • Pool of Venus, Milazzo

  • https://media.timeout.com/images/105989080/1024/576/image.webp
  •  

  • Пристанишниот град Милацо во североисточна Сицилија е “порта” kon седумте еолски острови – до кои можете да сгигнете со бротчињата кои поаѓаат од пристаништето. Пред тоа посетете ја и искапете со во “дивата” плажа , Pool of Venus (Базенот на Венера).
  •  
  • Spiaggia dello Scario, Salina

  • https://media.timeout.com/images/105989089/1024/576/image.webp

  • Плажата се наоѓа на вториот по големина од еолските островит. Салина стана  позната и по филмот на Мајкл Радфорд „Il Postino“. Додека повеќето сцени во филмот се снимени на плажата Полара, оваа скрена плажа Spaggia dello Scario  се препорачува да се посети, Нуди и прекрасен поглед на околниот залив. Има бар и можност за изнајмување чадори и лежалки а во позадина се гледа островот со сеуште активни вулкани – Стромболи и рајската Панареа.
  •  
  • Spiaggia dei Conigli, остров Lampedusa (Зајачката плажа)
  •  
  • https://media.timeout.com/images/105989092/1024/576/image.webp

  • Се  након истоимениот остров Lampedusa, зајачката плажа, Spiaggia dei Conigli – И покрај името, тоа е всушност место за мрестење на желките. Со своите “свилени” песоци, сини води и морските треви, зајачката плажа е недопрено, мирно место. Во лето, островот дозволува само 730 посетители дневно, така што ќе треба да ја резервирате вашата посета.
  •  
  • Егадските острови (5 острови)

  • Се група на 5 планински острови во севетниот дел на Сицилија. Се рибарски острови и главно занимање на жителите е риболов на туна. Може да ги посетите со некоја од екскурзиите кои поаѓаат од пристаништето во Трапани.
    Може да стигнете со фери брод
  •  
  • https://carontetourist.it/en/siremar и https://www.libertylines.it/en/destinations/ustica/
  •  
  • Билети може да се резевираат и преку мене.
    Исто така може да се предложат и организрани екусурзии за посета на Егадските острови:
  • https://www.getyourguide.com/aegadian-islands-l168666/cruises-boat-tours-tc48/?
  •  
  • Повеќете од овие екурзии се со поаѓање од Трапани или Палермо.
    Може да се резеривраат и преку мене а понудата со екурзии може и да се прошири. 

        –  островот Favignana е најголемиот од Егадите и може да се познат со карактеристична силуета што му го донела прекарот „La Farfalla“ или „пеперутката“ кај локалното население. Привлекува множтво туристи на своите брегови во текот на топлите летни месеци со својата рустична атмосфера.
    Разладете се во бистрото море, чија боја се менува од сина, зелена и сè помеѓу. Бројните карпести заливи нудат мирни водии за пливање, нуркањ. Откријте ги живите води на Кала Роса, еден од најживописните заливи на Сицилија, како и тврдината Санта Катерина и напуштениот риболовник на туна Флорио. Островот е познат по морските пештери:  Grotta dei Sospiri (Пештера на воздишките) и Grotta degli Innamorati (Пештерата на љубовниците).

        – островот Леванзо е најмалиот од Егадиските острови. Овој остров е идеална дестинација за оние кои уживаат во шетање или пешачење. Највисокиот врв е Pizzo dei Monaco – иако достигнува само 278 метри надморска височина, сепак нуди спектакуларен поглед низ морето и на Сицилиј. Леванзо е фотогенична дестинација за одмор, опкружена со сите нијанси на сино на Тиренското Море Може да се посети и пештерата Grotta dei Genovese, на која се запазени остаотци од праисториската уметност на ѕидовите -остаотци од жиовт на најраните луѓе на овој остров.

А рибарското селце  и пристаниште Леванзо ќе ви го долови едноставниот шарм на традиционалниот сицилијански живот.

    – островот Mertimo, дивиот острови Маретимо, лежи најдалеку од Сицилија, 20км одалеченост до морето. Оствот навидум делува како збрика на хаотични куќи со рамен покрив распослани на брегот од морет, но талкањето низ живописните улички низ островот сето тоа ќе го преточат во хармонино чувство на летна идила, Се делува како остовот да е непроменте многу години. Маретимо се карактеризира со варовнички карпи кои се сппусштаат се до морето. Островот нуди се препорачува за љубителите на природата и прошетки по бројните планински патеки, како и на оние кои сакаат да се релаксираат покрај морето.

 

Сицилија остров на кој што никој неможе да остане рамнодушен, иако е дел од Италија таму ќе се почуствувате далеку од италијанските метрополи, спектар од бои, вкусови и мириси ќе ве пречекаат уште откако ќе стапнете на сицилијанското копно. Сицилија синоним за мафија е првото нешто што им паѓа на памет на најголем дел од посетителите, но откако внимателно ќе го разгледаат и вкусат овој остров сфаќаат дека има многу позначајни работи кои го карактеризираат пред зборот мафија!

Островот Сицилија е одделен од италијанскиот полуостров со Месинскиот проток широк само 3 км, но сепак добро поврзан со останатиот дел од Италија. Уште кога ќе застанете на островот приметувате дека некако времето почнува да тече побавно и порелаксирано, а луѓето насмеани без никакво брзање ги извршуваат своите обврски. Тука навистинна може да го осетите духот на Италија, малечки затскриени плоштади исполнети со деца кои играат фудбал, барови пред кои старците се совежуваат гледајќи ги нивните внуци како безгрижно се забавуваат, а пак доколку се погодите на прошетка околу времето за ручек ќе осетите еден микс на мириси кои што се шират од куќите. За оние кои се имаат запознаено со северниот дел на Италија одма ќе приметат голема разлика во гостопримливоста, отвореноста на овие луѓе и оние од северот.

Сицилија има богата понуда на култура, традиција, забава, спорт, храна, море и песочни плажи.

Палермо со својата уметност, култура и природа е метропола на Медитеранот, и пред се Палермо е главен град на сицилијанската култура. Стар дел, нов дел, врева, сообраќаен метеж, адреналин слушајќи го звукот на полицијата, предупредувања да не навлагате во темни и тесни улички и тука веќе ви паѓа на ум зборот мафија и слободно си режирате сопствен филм. А од друга страна пак забава до раните утрински часови, улична вкусна храна, обединетост и заедничко навивање додека игра тимот на Палермо. Палати, градини, театарот Масимо, Катедралата која што воодушевува со спојот на различни стилови кои се должат на различните фази на градбата и намената (од џамија до катедрала), Фонтаната на срамот. Од друга страна пак пазарите како Баларо (каде што навечер може да седнете во еден од многуте барови и да пробате типични сицилијански специјалитети или да се напиете нешто и пазарот Вучириа каде може да ги откриете вистинските бои и мириси на Сицилија, а пак продавачите како да се натпреваруваат кој посилно ќе вика за да го привлече купувачот и што е најинтересно сето тоа на сицилијански дијалект.

Доколку сакате малку да се отргнете од Палермо и да уживате на убавите песочни плажи може да изберете едно од блиските места како Мондело или Чефалу, особено на плажата во Мондело може да сретнете многу забава и млади луѓе. Ако имате повеќе време на располагање може да појдете до природниот резерват Ло Ѕингаро на само стотина километри од Палермо, и таму има да ве пречека кристална сина вода, диви плажи и разновидна флора и фауна. На само десетина километри од овој природен резерват во областа Сан Вито ло Капо, секоја година во месец септември се одржува фестивал на кус кус, а пак во месец мај интернационален фестивал на летечки змајови.

По посетата на Сан Вито може да се упатите кон внатрешноста на Сицилијанскиот остров каде ќе гледате ридови, полиња, лозови насади, голем број на агритуризми кои се залагаат за развој на алтернативниот туризам. Кога ќе пристигнете на другиот дел од островот таму ќе ве пречека прекрасната Катанија која што ја нарекуваат Милано на Сицилија, навидум модерен град, индустриски развиен но кога ќе навлезете подлабоко ќе се зачудите колку знаменитости, традиција и историја крие овој град во барок стил и не треба да се плашите доколку забележите пепел во воздухот и поцрнети фасади, сето тоа е поради близината на најголемиот активен вулкан во Европа – вулканот Етна. Катанија е студентски град, доколку имате можност да го посетите правниот факултет ќе останете воодушевени од неговата градба и релаксирачка градина со палми, цвеќиња и фонтани. Слончето е симбол на Катанија. Делот околу театарот Масимо е центарот на ноќните собиранки и случувања. Таормина, Ачитреца, Ачиреале, селцата на падините на Етна се едни од местата кои апсолутно треба да се посетат. А доколку сакате малку повеќе адренаилин отидете во природниот парк Алкантара каде што се наоѓа и истоимениот кањон. може да правите трекинг низ брзата река Алкантара која тече низ карпите формирани од вулканска лава.

Љубителите на чоколадото може да ја посетат Модика која е позната по производството на чоколадо. Во близина на Сиракуза се наоѓа и малото гратче Пакино каде секоја година улиците се прекриени со мозаици од овошје и зеленчук, и секоја година темате е различна.

Ако тргнете кон внатрешноста на таа страна на Сицилија ќе стигнете и до Пјаца Армерина позната по многубројните мозаици и вашето патување на Сицилија може да го завршите со посета на градот Агриџенто каде се наоѓа долината на храмовите, а денес може да најдете голем број на остатоци кои сведочат за доминацијата на Античка Грција. Во Агриџенто е роден и познатиот италијански писател и драматург Луиџи Пирандело.

За крај неколку зборови за сицилијанската кујна и типичните производи, но залудно е да се пишува тоа треба само да се вкуси. Аранчини кои може да се најдат полнети со рагу, ориз, сирење, павлака, спанаќ итн. Канолите се еден од најпознатите слатки специјалитети, тие се во вид на свиткана шуплива вафла полнета со слатка павлака или сладолед, може да се најдат и такви со додатоци како парчиња чоколадо, лешници или фстаци, и одозгора покриени со шеќер во прав. Сицилијанската касата е традиционална сицилијанска торта на база на слатка павлака, пандишпан, марципан, зашеќерено овошје и глазура од шеќер. Потеклото на касатата датира уште од времето на арапската доминација на Сицилија. Овошјето марторана е типичен сицилијански десерт, попрецизно палермитански, познато во светот доста слично на марципанот но далеку повкусно и послатко. Составено од бадемово брашно и шеќер и обликувано во форма на овошје. Традиционално се подготвува за празникот на мртвите. Сендвичот со слезина кој спаѓа во таканаречената улична храна е типичен палермитански специјалитет, станува збор за лепче со сусам кое што се полни со пржена слезина и бели дробови од теле. Кроасана со сладолед. Гранита. Леб со маслинки и разни пецива.

Сицилија е еден специфичен остров полн со фасцинантни личности, пејсажи, историја и архитектура. Гете рекол за Сицилија: “Доколку ја видите Италија без да ја посетите Сицилија не можете да ја имате комплетната слика за Италија. На Сицилија се наоѓа клучот за се…чистотата на цртите, меки нијанси на боите, хармонична обединетост на небото со морето и морето со земјата. Кој ги видел овие работи еднаш, ќе ги поседува целиот свој живот.”