Sardinija-предлог места за посета hani travel ohrid tourist agency
САРДИНИЈА – ПРЕДЛОГ МЕСТА ЗА ПОСЕТА :
          Иако претежно планински, островот ги крие едни од најубавите плажи. Од северниот туристички поразвиен дел спуштајќи се кон југ, откријте ги
 шармантните градчиња, традиционалните села и прекрасните плажи.

На следниов линк може да ги погледнете локациите на позначајните гратчиња, места и плажи за посета:
 https://www.google.com/maps/d/u/0/edit?mid=1mNVTX9MgmffYrFBUBlf-z_woz_GHbKs&usp=sharing 
  Би предложил да се слета на северот или југот, а враќањето да биде обратно.
На пример, доколку би слетале во Олбија, каде е туристички најпознатиот дел од Сицилија – Коста Смералда – да се движите кон југ и враќањето да биде од Калгари. Доколку има таква можност.
Предлог места за посета:
  • Калгари (главниот град) секогаш динамичен и полн со живот. Ќе ви понуди можност и за прошетки и плажа.
  • Алгеро средновековно градче
  • Олбија градче на северниот дел од островот кое се вика крајбрежјето Смералда.
    Коста Смералда е најмодерната дестинација на островот. 55 км долготo крајбрежје е дестинација која не треба да ја прескокнете пред се доколку сакате убави плажи.
  • Порто Черво (Коста Смералда) во 60-те градчето на славните и богатите.
  • Сант’Антиоко мало островче поврзано со главниот остров и по копнен пат. Познато по скриените идилични плажи.
  • Стинтино е градче познато покрај другото и по плажата Пелоса со тиркизни плитки води.
  • Барумини. За љубителите на археологија и историја, во оваа градче се наоѓа најпознатиот остаток од бронзената епоха – Су Нуракси. Нуракси се камени градби кои се најдени само на Сардинија. Ги има насекаде на островот и за нивната функција има различни објаснувања.
  • Мадалена островот каде може да ги посетите едни од најубавите недопрените тиркизни плажи.
  • Боса живописното селце изградена на рид е можеби најавтентичното во Сардинија.
Предлог плажи за посета:
  • Поето е 8 км долга плажа во близина на главниот град Калгари. Е со бел песок.
  • Кала Голоритзе еднa од најубавите плажи на островот.
  • Кала Луна на заливот Ореси.
  • Пелоса плажата, со тиркизни плитки води.
  • Спјагија Роза (Розевата плажа) на островот Будели.
  • плажите на крајбрежјето Виласимус, јужниот дел на островот.
Што да вкусите:
  • Сардинска фрегола
  • Пане карасау
  • ликер од мирта
  • сирење (пекорино)
Каде да се сместите:
  • Форт Вилиџ Резорт 5*
  • Хотел Кала ди Волпе 5*
Настани, манифестации:
  • Сант’Ефисио фестивал од 25-ти Април до 1-ви Мај
  • Кастелсарду или Иглесиас, карневалите