You are here Home » Предлог места за посета » Малта

Малта

Malta-предлог места за посета hani travel ohrid tourist agency

 

Малта – земјата на рицарите!

Малта е составена од архипелаг на острови од кои три се населени (Малта, Гозо и Комино), и два ненаселена (Коминито и Фифлиа). Една е од најмалите но и најгусто населени земји во светот. На околу 300 квадратни километри живеат над 400 илјади луѓе кои официјално зборуваат малтешки и англиски јазик. Малтешкиот е комбинација од дури седум јазици, а најсличен е на арапскиот. Оваа држава потеклото на своето име го должи на феничанскиот јазик, а зборот малет значи пристаниште или скривалиште. И навистина, ова „скривалиште“  на Медитеранот, на исклучително важна стратешка позиција, на крстосница на морските патишта, привлекувало многумина: Феничаните, Грците, Картагинците, Арапите, Римјаните,  Норманите, Французите, Англичаните…Пресвртот во историјата на Малта ја направил владетелот на Светото римско царство, Карло Петти кој им дозволил на витезите од Редот на Свети Јован тука да ја сместат својата воена база.

Велета изграден од Витезите на Св.Џон, чие културно наследство се открива пред вас како што ќе се движите по самите улици на градот. Прошетка низ сликовитите улички се до Градините“Barracca”од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града: „Vittoriosa“, „Cospicua“ „Senglea“. Посета на богато украсената Катедралата и музеј на Св. Џон, дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети.

St. Julian e најмонденскиот град на островот познато по богатиот ноќен живот.Може да се стигне со автобуси 13 и 14 кој поаѓа од станциата Tori пред хотел Windsdor.

Мдина (Тивкиот Град), гратче во центарот на островот, Посета на фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’Qali, можност да ја видите специфичната техника на изработка на дувано стакло. Предлог посета на црвката “Св. Павле” каде се наоѓаат и ренохристијанските катакомби. Можност за посета на црквата Моста, со една од најголемите куполи во светот на 8км од Мдина.

Cirkewa e пристаниште од каде тргнуваат бродовите за острвите Гозо и Комино.

Островот Гозо – во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Препрорачана посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Рабат или Викториа.

Островот Комино се наоѓа во Средоземното Море и припаѓа на малтскиот архипелаг. Се наоѓа во мореузот Гоцо помеѓу островите Гоцо на север и Малта на југ. Иако има севкупна површина од само 3,5 км2, се брои како трет остров по големина во Малта. Името го добил по билката Ким, која некогаш растела на малтските острови. Според последните податоци, на островот живеат само 4 постојани жители, но бројот на луѓе кои престојуваат е значително поголем, особено во летниот период, кога голем број на туристи го посетуваат овој мал остров. Островот нема патишта. Фери бродовите возат до Плавата Лагуна кое е позната по својата тиркизна боја, можност за капење, прошетка по недопрената природа.

Можност за посета на тврдината каде се снимани сцени од филмот “Грофот од Монте Кристо“

Предолог посета на трите града:Senglea – Isla, Vitoriossa – Birgu, Cospicua-Bormla, најубавите историски места на Малта и можност да се дознае за културата на живеење намалтежаните.

Cospicua пред 18 век бил познат како Bormla, име кое се уште е во употреба. Нејзините бедеми се конструирани за заштита на градот и неговите соседи Vittoriosa & Senglea. Биле изградени од страна на витешкиот ред на Малта.

Vittoriosa, гратче идеално лоцирано за засолниште, познато по својата трговска, морска и воена активност.

Hagar Qim – Една од четирите мегалитски населби во Малта од 3600-3200 година пред нашата ера заштитена од УНЕСКО. Навистина архитектонско чудо.

– Blue Groto – пештери во морето лоцирани во јужниот дел на островот, вајарско дело на природата една од попознатите туристички дестниции во Малта.

Senglea или Isla L’Isola (остров), е наречен во време на витешкиот ред. Овој локалитет е еден од најстарите градови во Малта кои датираат од 16 век. Изобилува со ботато наслетство од страна на витешкиот ред на Св.Џон.

Свитхевен е познатото село на Попај, направено во 1979 година во Малта. Селото е направено за потребите за снимањето на филмот за Попај. Kога Волт Дизни и Парамаунт одлучиле да направат игран филм за популарниот јунак Попај, продуцентите како локација го избрале малиот залив на северозападот од Малта.

Тука е сместено измисленото село Свитхевен, кое е градено седум месеци.

На изградбата работеле 165 мајстори, со задача да направат веродостојна верзија која во стрипот ја опишал неговиот создавач Елзи Сегар.

Сицилија е 80 км одалечена од Малта. Траекти има сд Валета до Pozzalo и до Catania.

За понуда за индивудуален аранжман за Малта ве молиме контактирајте не.