You are here Home » Предлог места за посета » Kopenhagen

Kopenhagen

Kopenhagen- banner предлог места за посета hanti travel ohrid

 

Копенхаген – предлог места за посета:
 Link 
 

Копенхаген е престолнината и најголемиот град во Данска со околу 590 илјади жители во рамките на општината, околу 1,28 милиони во урбаниот регион и над два милиони жители во метрополитанската зона на Копенхаген. Слично на Венеција, Копенхаген е град на острови и канали.

Поголемиот дел од градот е лоциран на иcточниот брег на островот Зеланд (Zealand), а помалиот на западниот брег на островот Амагер (Amager), кој на источната страна излегува на Оресунд (Øresund), теснецот што ја дели Данска од Шведска. Ако теснецот Оресунд ја дели Данска од Шведска, истоимениот мост (Оресунд мост) ги поврзува овие две земји, или поточно Копенхаген во Данска со Малме во Шведска.

Скоро осум километри долгиот мост е најдолгиот комбиниран моторен и железнички мост во Европа, официјално пуштен во употреба на 1 јули 2000 година.

Шетајќи низ неговите улици или пак пловејќи по неговите канали, ќе се сретнете од најмодерни достигнувања на архитектурата до барокни зданија во кои ќе можете да го испиете првото утринско кафе со прекрасен поглед на некоја од многуте палати со прекрасни градини, од кои ќе ви застане здивот за миг.

Зачетоците на Копенхаген се релативно нови и се навраќаат на викингшкото рибарско село основано во десеттиот век, кое во петнаесеттиот век прераснало во престолнината на Данска. Градот особено доживеал подем во периодот на Кристиан Четврти од Данска (Christian IV, 1577-1648), кој бил крал на Данска и Норвешка во периодот 1588 – 1648 година, со Копенхаген како престолнина.

На следниов линк може да ги погледнете локациите на предлог местата за посета:

 

Места за посета:
  • Кружна кула – Веројатно еден од најинтересните архитектонски примери од овој период е Кружната кула (Round Tower), изградена во седумнаесеттиот век во централното градско подрачје на Копенхаген, по нарачка на кралот Кристијан Четврти од Данска. Објектот е во стилот на холандскиот барок и е изграден од жолта и црвена тула која специјално била нарачана за овој проект од Холандија. Кружната кула е дел од комплексот Тринитатис (Trinitatis Complex), каде во еден комплекс била сместена црква, универзитетска библиотека и астрономска обсерваторија, лоцирани во непосредна близина на студентскиот дом Регенсен (Regensen Dormitories), вториот најстар студентски дом на Универзитетот во Копенхаген (основан во 1479 година).
  • Градините Тиволи – забавен парк, лоциран во срцето на градот, основан во 1843 год. Славата му е толку голема што некои луѓе доаѓаат во Копенхаген само да го посетат паркот.
  • Статуата на малата сирена – креирана во 1913 година инспирирана од прказната на Ханс Кристијан Андерсен. Moжеби најпосетуваната знаменитост во Копенхаген, посетувана од над еден милион турисити годишно.
  • Строгет – шопинг улица во срцето на Копенхаген.
  • Nyhavn – или во превод новото пристаниште од 17-ти, заедно со каналот со шарените куќи, ресторани, кафетерии, дрвените бродови го прават еден од најинтересните делови за прошетка во Копенхаген. А куќите во кои низ неговиот живот, во нив живеел писателот Ханс Кристијан Андерсен се обележани со броевите 18, 20 и 67.
  • Национален Музеј на Данска – содржи богата колекција на артефакти од историјата на Данска.
  • Палатата Christiansborg – лоцирана на островот Слотсхолмен (Slotsholmen) тука се наоѓа Парламентот на Данска, седиштето на премиерот. Вреди да се посети Големата Сала во склоп на палатата која воодушевува со својата внатрешност. Како и собата со кралските тапистерии.
    Станува збор за мало островче, кое е дел од внатрешниот град на Копенхаген, лоцирано во рамките на заливот на Копенхаген.
  • Ботаничката Градина – лоцирана во срцето на градот, градината содржи колекиција од 13,000 растенија, некои 200 години стари. Посетете ја Арктичката стаклена куќа која ја копира арктичката средина за растенијата кои живеат таму.
  • Christiania – дел од Копенхаген, место каде има многу уметнички студиа, продавници за органска храна, место каде луѓето кои имаат различни мислења ги изразуваат своите идеи, каде субкулутрата ги изразила своите видувања.
  • Замокот Росенбург – Изграден во времето на Кристијан Четврти во стилот на холандската ренесанса, како летна куќа во природа за потребите на кралското семејство и лоцирана во Кралската градина. Објектот бил користен како кралска резиденција на данските регенти до почетокот на осумнаесеттиот век, а потоа и во два наврати кон крајот на осумнаесеттиот и почетокот на деветнаесеттиот век во услови на вонредни состојби. Денес, објектот е во сопственост на државата и во него е сместен Музеј во кој е изложена Кралската збирка.
  • Музејот на Давид – содржи богата колекција на Муслиманската уметност со богата колекција од 800 до 1800 година, како и колекција од Данксата и Европлката уметност.
  • Забавен парк Баккен – основан 1583 година и го прави најстариот забавен парк во светот. Влезот е бесплатен, се купува билет за секоја атракција во паркот. Има насталгична атмосфера имајќи во предвид дека некои од атракциите се доста стари.
  • Црквата Св. Спас (Church of our Saviour) датира од средината на 18ти век.
  • Замокот Кронборг – домот на Хамлет можеби едно од најпосетуваните места во Данска. Лоциран на 40км од Kопенхаген и е под заштита на УНЕСКО:
  • Палата Амалиенбург – ако сакате да ја запознаете кралската историја на Данска тогаш палатата Амалинбург е идално место. Во неа и денеска живее кралската фамилија. Присустувајте на менувањето на кралската стража.
  • Аквариумот – Лоциран на 8км од Копенхаген.
  • Experimentarium – место каде науката, технологијата и забавата се спојуваат на едно место. Можност да земете активно учество. Лоциран е на 6км од Копенхаген.
  • Зоолошката градина
  • Планетариум – нуди забава за целата фамилија.
  • Frederik’s Church. Црквата Фредерик е исто така позната и под името „мермерна црква“ и е значаен пример на рококо архитектурата. Објектот претставува препознатлив репер за овој кварт, при што особено се истакнува куполата на објектот со распон од 31 метар. Оваа купола, која се носи на 12 столба, се смета за најголемата црковна купола во скандинавските земји. Она што е интересно е дека изградбата на црквата траела скоро 150 години, од 1749 до 1894 година, како резултат на различни причини. Од црквата, погледот преку статуата на Кралот Фредерик Пети води кон заливот и новиот објект на Данскиот театар од 2006 година лоциран на спротивниот брег.
  • Кралските градини – идеално место за прошетки.
  • ARKEN Музејот на современа уметност
  • Open Air Museum – на голема површина се излижени куќи, воденици, начинот на живот во 17ти век.

За понуда за индивудуален аранжман за Копенхаген ве молиме контактирајте не.