You are here Home » Предлог места за посета » Atos, Halkidiki

 

АТОС, ПРЕДЛОГ МЕСТА И ПЛАЖИ ЗА ПОСЕТА

 

Атос е помалку познат од Касандра и Ситонија, тој нуди одлична можност за прекрасен и удобен одмор. Самиот факт што не е толку популарен, го прави исклучителна дестинација за љубителите на мирен одмор.

Најубавите плажи се наоѓаат во близина на Олимпијада, Неа Рода и на островот Амулијани. Со оглед на фактот дека делот од овој крак кој е, достапен за туристи (голем дел припаѓа на Света Гора и е затворен за посетители), е релативно мал, сите овие прекрасни плажи ќе бидат лесно достапни без разлика кое место ќе го изберете како база за време на вашиот одмор.

 

На следниов линк може да погледнете локациите на предложените места и плажи за посета: https://www.google.com/maps/d/edit?mid=1ycHIQUcTF-a3DVd5qAgouW_A100w708&usp=sharing 

 

ПЛАЖИ:

 

  • Komitsa
    https://nikana.gr/en/tourist-guide/athos/beaches/3249/komitsa-beach
    Погруб златен песок и плитка, мирна, кристално чиста вода ја прават Комица идеална дестинација за семејства со деца, како и за секој што бара мир и бегство од гужва. Плажата е доволно долга и широка така што, без оглед на времето од сезоната, нема да се чувствувате пренатрупано. Природната околина и зеленилото што ја опкружуваат плажата придонесуваат за чувство на осаменост и спокојство. Крајот на плажата Комица доприа до Света Гора.

  • Voulitsa
    https://nikana.gr/en/tourist-guide/athos/beaches/5447/voulitsa-beach-athos
    Организрана плажа со чадори и лежалки. Со малку погруб песок, и на брегот и под водата, и кристално чиста вода со благ пад, оваа плажа несомнено ќе ви биде омилена. Дел од плажата е во длабочина каменита, што ја прави идеално место за оние кои сакаат да истражуваат карпести заливи или нуркање.

  • Trypiti
    Плажата е песочна со златнозрнест песок, со кристално чисто и тиркизно море.
    Се наоѓа во близна и на хотелот Аlexandros Palace.

  • Kakoudia Beach
    2 км пред центарот на Јерисос, има многу убава плажа наречена Какудија, која се состои на која има и интересно обликувани бели карпи. Какудија е широка и долга плажа, со постепена длабочина и златно-жолт песок. Оваа плажа се спојува со плажата Јерисос.

  • Јерисос
    https://www.youtube.com/watch?v=XDGxTFm0alY
    Плажа со песок и камчиња, која е долга 11 километри. Се состои од неколку зони, од кои некои се опремени со лежалки, туш кабини и таверни. Плажата Јерисос е доста широка. Така, лесно можете да најдете слободен простор дури и во високата туристичка сезона.

  • Ouranoupolis
    е уште една долга плажа со добро развиена инфраструктура. Кристално чиста морска вода и опкружена е со бујна вегетација. Делови од плажата Уранополис е огранизирана, има: од таверни и центри за водни спортови, до туш кабини.

  • Неа Рода
    долга песочна плажа која е делумно опременa. E одличен избор за љубителите на приватноста кои не бараат инфраструктура.

  • Zepko
    Плажата Зепко е мирна плажа позната по своите кристално чисти води и мазен песок. Таа е дел од поголема област наречена Зепко, која опфаќа низа природни заливи и плажи покрај крајбрежните колиби за чамци (сирмата). Иако не е организирана со погодности како чадори или лежалки, таа е популарно место за пливање, сончање и уживање во мирната атмосфера.

  • Olympiada (плажата и селцето)

  • Legend Beach (Nea Roda)
    Плажа со фин песок со светла боја и сино море. Плиткота е, многу долго и идеално за мали деца.

  • Xiropotami
    Позната по мирното море, а можеби и најпозната на западниот брег е Ксиропотами. Долга, тесна плажа.

  • Островот Амуљани
    Единствениот населен остров на Халкидики.
    Ако сте виделе слики од плажи на Атос, голеам веројатност е да биле од остовот Амуљани. Едни од најфотографираните плажите на Атос се на Амулијани. Најпозната е Alikes.

  • Alikes (Амуљани)
    Аликес е една од најпопуларните плажи со „Сино знаме“ во Амулијани. Нејзиниот бел песок во комбинација со зелените води ве потсетува на егзотична оаза. Плажата e плиткa што ја прави идеална за семејства со мали деца.

  • Karagatsia (Амуљани)
    Прекрасен залив на островот, со зелени води, златно-жолт песок.

  • Drenia Islands (oстровите Drenia)
    Островите се место од “рајот” со чисто море и песочни плажи.
    Можност за организиран екурзија со кајак со поаѓање од Уранополис, Олимпија, Неа Рода, Јерисос…https://www.tripadvisor.com/AttractionProductReview-g663249-d26249469-Sea_Kayaking_to_Drenia_Islands-Ouranoupolis_Mt_Athos_Peninsula_Halkidiki_Region_Ce.html

 

МЕСТА ЗА ПОСЕТА:

 

  • Крстарење околу Света Гора.
    Православната монашка заедница на Света Гора (Агион Орос) со 20 манастири и други населби, е прогласена за светско културно наследство на УНЕСКО во 1988 година.

  • Страгира – родното место на грчкиот филозоф Аристотел (познат и како учител на Александар Македонски). Тука е неговиот гроб.

  • Olympiada – селцето кое името го добило по мајката на Александар Македонски е предлог да се посети а има и убава плажа.

  • Водопадите Варвара https://nikana.gr/en/tourist-guide/athos/what-to-see/3711/varvara-%20waterfalls-close-to-stavros-and-olympiada

  • Островот Амуљани
    До островот може да стигнете со фери бродови кои поаѓаат од пристаништето Трипти. Патувањето трае 15мин во еден правец. Цената за патник е 3,5 еур во еден правец а за кола 10 еур во еден правец. Фери бродови во сезона има често.
    Има беплатен паркинг на пристаништата на тргнување и пристигнување.

  • Arnea
    Селцето Арнеа. Античкото село Арнеа ги воодушевува посетителите и со својата архитектура. За време на посетата на Арнеа, треба да го посетите Музејот на ткаење, Музејот на фолклорот, поранешното училиште од средината на XIX век, кое се смета за најстарото училиште на Халкидики и, секако, продавниците, каде што се продаваат традиционални џемови направени од плодот на Планиката или јагодникот – arbutus.