Barcelona

Barcelona- hani travel, ohrid. места за посета

Барцелона “La Gran Encisera” – предлог места за посета

Со титулата “La Gran Encisera”, Барселона, престолнината на Каталонија е еден од највозбудливите и најдинамичните дестинации на западен Медитеран. Раскрсница на различни култури, французка, шпанска, арапска и афричка, овој град нуди разноврсни архитектонски знаменитости, изложби, концерти и авангардни клубови.

Прошетајте низ легендарната улица Las Ramblas, видете ја атракцијата на градот – волшебната фонтана Font Magica (игра на вода и светла),

катедралата Sv. Eulalije, импресивните и необични градби на Антонио Гауди го чинат овој град единствен – црквата Sagrada Familia. Уживајте во најубавиот градски парк Montjuic, посетете го музејот на Пикасо. Не ги заборавајте архитектонските дела на модернистичкиот архитект Antoniо Gaudi, чии градби ја прославија Барселона, а за љубителите на најважната споредна работа на светот – посетете го Museo de FC Barcelona (стадионот Camp Nou).

Незамисливо е да се пропушти шопинг во овој монденски град. Продавниците и бутиците долж Paseo de Grasia, во квартот Eixample, ќе го задржат вниманието и на најпробирливите купувачи.

Предлог места за посета:

Barrio Gótico – Готски кварт со римски градби, тесни улички и бројни тапас барови и кафетерии.

Las Ramblas – 2 км долг булевар познат по кефетериите, улични претстави, продавници, галерии, живи статуи и акробати. –

El Puerto – Пристаниште кое нуди поглед на градот, од кој ви застанува здивот, од врвот на споменикот на Колумбо.

El Ensanche – Во овој дел на Барселона се наоѓаат луксузни населби и познати споменици – креации на архитектот Antoni Gaudi, како што се Parc Güell и катедралата Sagrada Familia. Неговите дела (Bellesguard – симболот на Каталонија, la Casa Batlló и др.) може да се видат низ целиот град и секако треба да се ужива во неговата единствена уметност. 

Montjuïc– ботанички градини и музеи. До брдото Montjuïc се стигнува со панорамска жичара. Може да се види и Магичната фонтана Montjuïc – осветлена со разни бои.

– Музејот на Науката (Museo de la Ciencia CosmoCaixa). На интересен начин за децата претставени многу феномени и појави од науката.

Park Güell – парк со многу фонтани и архитектонски градби.

За деца: – Parc de la Ciutadella – во овој парк се наоѓаат Зоолошката градина, Музејот на природни науки, Парламентот на Каталонија и монументални фонтани. – Tibidabo – на овој 350 метри висок врв има забавен парк, готска катедрала… Убав панорамски поглед на Барцелона и морето. – Аквариумот – L’aquarium Barcelona. – Плажата Barceloneta. – Музејот на чоколадото – Museu de la Xocolata.