Рим се наоѓа во централниот дел на Италија, во регионот Лацио, на местото каде се спојуваат реките Аниен и Тибар. Заедно со името носи и прекрасен опис – Рим – Вечниот град. Познат е и како центар на светот, а поговорката „Сите патишта водат кон Рим“ сведочи за тоа. Од овој град, настанала една од најмоќните држави во историјата, којашто го обликувала светот кој постои денес. Градот е многу стар – потекнува од 753 година од нашата ера кога, според легендата, го основале браќата Ромул и Рем.Во текот на вековното постоење, Рим станал центар на државата која тогаш го опфаќала најголемиот дел од познатиот свет. Денес, Рим е еден од најзначајните европски и светски центри, како и многу популарна туристичка дестинација. Голем број луѓе го посетуваат Рим неколку пати во годината, бидејќи, како што велат, неговата убавина не може да се разбере во целост од само една обиколка.
На следниов линк може да ја погледнете мапата со предложените места за посета во Рим: https://www.google.com/maps/d/edit?mid=1sCWiuTvlkT2TfSNLJiUFmKNSAO0brB4&usp=sharing
Тврдината Сант’Анѓело, која е вистински симбол на бурната историја на овој град. Таа е поврзана со Ватикан со тајни премини и најзначајна била како резиденција на папата – таа била прибежиште во случај на опасност. На тврдината се наоѓа споменик-ангел кој, според легендата, се појавил во 590 година, прекунавјќи го пустошењето на чумата.
Најпозна зграда на Рим е дефинитивно Колосеумот кој се наоѓа на листата на седумте светски чуда. Изграден е по наредба на римскиот император Веспазијан во 72 година. По осум години, градењето на оваа градба го завршува Веспазијановиот син Тит. Капацитет на Колосеумот бил 60.000 места, а во него се одржувале познатите гладијаторски борба, кои биле инспирација за создавањето на бројни уметнички дела. Во 1780, Папата го прогласил Колосеумот за свето место.
Храмот Пантеон е еден од архитектонските чуда, изграден со дотогаш невидено внимание и прецизност. На грчки значи „храм на сите богови“, и токму неговата цел била да служи како свето место на сите пагански божества. Од седмиот век, Пантеон ја имал улогата на христијанска црква, што оваа здание го спасило од уништување.
Една од главните карактеристики на Рим е фонтаната „Ди Треви“, односно кралица на сите римски фонтани. Била изградена во XVIII век и на неа доминира Нептун, кој управува со кочијата на која се впрегнати два морски коња. Левата страна е симбол на богатство, а десната е симбол на здравјето. Водата која протекува низ неа се доставува од аквадуктот „Аква Девица“, кој се наоѓа на околу 20 километри од градот.
Римскиот Форум бил центар на империјалниот Рим. Тука се одржувале избори, се состанувал сенатот, познати говорници држеле некои од своите најдобри говори. Денес е плоштад каде се наоѓаат полно храмови, цркви, споменици. Тука се и триумфалните сводови изграден во чест на големите победи во битките, како што се на императорот Тит и на Септимиј Север.
Палатин е еден од седумте ридови на кои бил изграден античкиот Рим.Овде се наоѓале најстарата населба во Рим (Roma quadrata) и најстарите римски светилишта
„Piazza di Spagna“ (Шпанските скали) е едно од најпопуларните собиралишта во Рим и еден од најубавите плоштади. Своето име го должи на Шпанците чија мисија при римската црква се наоѓало токму тука, а во текот на седумнаесетиот век дури и се сметала за шпанска територија. Црквата Trinita dei Monti ја подигнале Французи, како и познатите 137 скалила кои погрешно ги викаат „шпански скалила“. Пред црквата се наоѓа обелиск во чест на безгрешното зачнување. Фонтаната „della Barcaccia“ се наоѓа при дното на скалите, а била изградена во спомен на поплавата на реката Тибар во шеснаесеттиот век. На местото на денешната фонтаната се наоѓал насукан брод.
Ватикан зафаќа површина од 44 хектари, а во него живеат околу 1.000 луѓе. Станува збор за суверената држава на Светата Столица. Плоштадот Свети Петар е централно собиралиште во Ватикан. Овде доаѓаат стотици илјади луѓе да го дочекаат и поздрават изборот на нов поглавар на Римокатоличката црква. Тука е и Сикстинската капела и познатата верзија на создавање на светот на Микеланџело. Осликувањето на ова здание Микеланџело го започнал во 1508, а го завршил во 1512 година. Неизоставен е и Ватиканскиот музеј, кој може да одземе доста време за разгледување.
Патувањето во Рим не е целосно доколку не се посети Систинската капела.
Систинската капела го носи името на човекот кој го наредил нејзиното градење, Систо. Капелата ја посетуваат околу 25.000 луѓе дневно, односно 5 милиони луѓе годишно.Taa има истите димензии на храмот на Соломон опишан во Стариот Завет. Oтсекогаш служела и служи како приватната капела на папата.Taa е најпозната по фреските на Микеланџело, но во неа има фрески од други големи уметници, како Ботичели.Главните девет панели во центарот на покривот ги прикажуваат приказните од Создавањето до Ное. Сепак, Микеланџело ги цртал панелите во обратен редослед, завршувајќи со сцените кои го прикажуваат Господ како ги создава сонцето, месечината, Земјата и темнината и светлината. Тој намерно ги оставил овие сцени крај бидејќи знаел дека ќе бидат најтешки и чекал да ја усоврши неговата техника.
Базиликата Свети Петар е подигната на местото на една постара градба, по налог на папата Јулијан II во 1506 година. Изградбата траела 120 години, а на неа работеле некои од најголемите уметници. Во Накрополис се наоѓаат посмртните остатоци на Свети Петар, а самата базилика е исполнета со многу мотиви и симболи на христијанска тематика.
„Виа Кондоти“ е најскапата улица во Рим. Овде се наоѓаат продавници на сите познати италијански брендови како Прада, Гучи, Версаче, Армани, ама и на другите светски брендови.
Villa Borghese – park vo Rim koj nudi moznost za relaskirani prosetki, poseta na muzei…Poseta na crkvata Sv Kliment. Vlez vo crkvata e besplatno i ne e potrebna najava predhodno. Otvorena e od Pondelnik do Sabota od 09:00 do 12:30 i posle od 13:00 do 18:00 (polseden vlez vo 17:30) a Nedela od 12:00 do 18:00 (polseden vlez vo 17:30)
Postoi i moznost da se posetat i iskopinite vo najdolniot del od crkvata so kupuvanje vleznica koja cini 10 eur po lice https://www.basilicasanclemente.com/eng/booking/
Палатата Berberini впечатлива палата од 17ти век , која со елеганцијата заслужува посета и од надвор а за љубителите на уметноста, палатата е денес музеј на сликарстото до 18ти век.
Circus Maximus – древниот хиподром.
Посета на катакомбите кои се наоѓаат под градот. Оваа посета препорачувам да се направи со водич, со една од многуте предлог екурзии кои може да се резервираат и преку мене https://www.getyourguide.com/catacombs-of-rome-l2621/
Часови по готвење на италјански специјалитети. Нучете да правите пица, паста за нула време
https://www.getyourguide.com/rome-l33/cooking-classes-tc107/?
Рим е град на културата, но, исто така, и град на забава, шопинг, ресторани и кафулиња. Посетителите може да уживаат во уникатната атмосфера додека вкусуваат италијанска храна или пијат најубаво италијанско кафе. Рим е град на среќни луѓе и на странци од целиот свет. Овде забавата и уживањето се загарантирани, а времето е исполнето од утро до доцните вечерни часови.
