- Венеција – предлог места за посета:
На следниот линк можете да ги видите предлог местата за посета ( кликнете на картата):
Плоштадот Св. Марко, базиликата Св. Марко, Дуждевата Палата и др.:
Подробно упатство, чекор по чекор за вашето патување низ длабочините на Венеција
(Влезниците можат да се резервираат преку мене, пред поаѓање.)
Базиликата Св. Марко е катедрална црква на Венеција.
Изградена 1094 година. Препорачувам да се посети заради византо-фреско живописите,
кои преовладуват, а има и готски, арапски и други елементи.
Влезницата за базиликата за возрасни е 3 евра, а за деца до 6 години е бесплатно доколку се купува на лице место.
На патот е случај да има многу ред додека се купи влезница.
А ако се купи пред поаѓање (skip the line карти), цената е 6 евра за возрасни, а за деца до 6 години бесплатно.
Доколку се купуваат карти без чекање ред (skip the line), влегувањето во базиликата е за точно одреден ден и час (кој треба да се запази) и се влегува од посебен влез, означен на следната слика: кликни тук
Забелешка: (Расположивоста на “skip-the-line” влезниците често знае да е ограничена и цените да се повисоки од официјалната цена од 6 евра поради купување и препродавање од посредници.)
Пала д’Oро (е во склоп на базиликата), уметничкото дело – златниот олтар, изработен во злато библиски сцени, украсени со 1300 бисери, 300 смарагди, 300 сафири, 100 аметисти, рубини, топази. Се препорачува да се посети – Пала д’Oро
Влезницата за Пала д’Oро за возрасни е 5 евра, а за деца до 6 години е бесплатно.
Базиликата, Пала д’Oро, можат да се посетат секој ден од 09:30 до 17:15 (последен влез е во 16:45), а недела може да се посети од 14:00 часот.
Музејот на базиликата е до “Logia dej Kavali” (терасата / чардакот со коњите).
Музејот може да се посети само во недела од 09:30 до 14:00.
Влезницата за Музејот на базиликата и “Logia dej Kavali” за возрасни е 7 евра, а за деца до 6 години е бесплатно.
Музејот ќе ви овозможи одблизу да ги погледнете мозаиците на базиликата, теписерите од флеменските и периодите на владеење на Медичи, персиски теписи…
Од терасата со коњите се пружа убава гледка на плоштадот Свети Марко.
Гледка:
Камбанаријата на базиликата Св. Марко:
може да се посети секој ден од 09:30 до 21:15 (последен влез е во 20:45).
Влезницата за камбанаријата за возрасни е 10 евра, а за деца до 6 години е бесплатно.
За време на летургија Базиликата може бесплатно да се посети од влезот Порта деј Фиори (Пиазета деј Леончини – од северната страна).
Влез
Дуждевата Палата – е ремек-дело на Готската архитектура.
Изградена 1340 година.
Можност за купување на Свети Марко влезница – карта која е валидна за влез во Дуждевата палата,
археолошките и монументалните соби (Museo Correr, Museo Archeologico Nazionale и Monumental Rooms) на библиотеката Morciana.
Влезницата е 30 евра за возрасни, за деца од 6 до 14 години, за студенти од 15 до 25 години и за возрасни лица на 65 години влезницата е 15 евра. Деца до 5 години (нецелни 6) се бесплатно.
Покрај оваа влезница можат да се резервираат и: Тајните патеки на Дуждевата палата (32 евра), Тајните богатства на Дуждевата палата (32 евра), Поставката на патувањата на Марко Поло – познат Венецијански Трговец (13 евра).
Дуждевата палата е отворена секој ден:
Од 01 Април до 31 Октомври: 9:00 – 19:00 (последен влез во 18:00)
Од 01 Ноември до 31 Март: 9:00 – 18:00 (последен влез во 17:00)
Базиликата Св. Марко е катедрална црква на Венеција.
Изградена 1094 година. Препорачувам да се посети заради византискиот фреско живопис, кој преовладува, а има и готски, арапски елементи.
Влезницата за базиликата за возрасни е 3 евра, а за деца до 6 години е бесплатно доколку се купува на лице место.
На патот е случај да има многу ред додека се купи влезница.
А ако се купи пред поаѓање (skip the line карти), цената е 6 евра за возрасни, а за деца до 6 години бесплатно.
Доколку се купуваат карти без чекање ред (skip the line), влегувањето во базиликата е за точно одреден ден и час (кој треба да се запази) и се влегува од посебен влез, означен на следната слика: кликни тук
Забелешка: Расположивоста на “skip-the-line” влезниците често знае да е ограничена и цените да се повисоки од официјалната цена од 6 евра поради купување и препродавање од посредници.
Пала д’Oро (е во склоп на базиликата), уметничкото дело – златниот олтар, изработен во злато библиски сцени, украсени со 1300 бисери, 300 смарагди, 300 сафири, 100 аметисти, рубини, топази. Се препорачува да се посети Св. Марко -базиликата -линк
Влезницата за Пала д’Oро за возрасни е 5 евра, а за деца до 6 години е бесплатно.
Базиликата, Пала д’Oро, можат да се посетат секој ден од 09:30 до 17:15 (последен влез е во 16:45), а недела може да се посети од 14:00 часот.
Музејот на базиликата и Логгија деј кавали (терасата / ќардакот со коњите).
Музејот може да се посети само во недела од 09:30 до 14:00.
Влезницата за Музејот на базиликата и Логгија деј кавали за возрасни е 7 евра, а за деца до 6 години е бесплатно.
Музејот ќе ви овозможи одблизу да ги погледнете мозаиците на базиликата, теписерите од флеменските и периодите на владеење на Медичи, персиски теписи…
Од терасата со коњите се пружа убава гледка на плоштадот Свети Марко.
Гледка
Камбанаријата на базиликата Св. Марко
Може да се посети секој ден од 09:30 до 21:15 (последен влез е во 20:45).
Влезницата за камбанаријата за возрасни е 10 евра, а за деца до 6 години е бесплатно.
За време на летургија Базиликата може бесплатно да се посети од влезот Порта деј Фиори (Пиазета деј Леончини – од северната страна).
Влез
Дождевата Палата – е ремек-дело на Готската архитектура.
Изградена 1340 година.
Можност за купување на Свети Марко влезница – карта која е валидна за влез во Дуждевата палата,
археолошките и монументалните соби (Museo Correr, Museo Archeologico Nazionale и Monumental Rooms) на библиотеката Марчиана.
Влезницата е 30 евра за возрасни, за деца од 6 до 14 години, за студенти од 15 до 25 години и за возрасни лица на 65 години влезницата е 15 евра. Деца до 5 години (нецелни 6) се бесплатно.
Покрај оваа влезница можат да се резервираат и: Тајните патеки на Дуждевата палата (32 евра), Тајните богатства на Дуждевата палата (32 евра), Поставката на патувањата на Марко Поло – познат Венецијански Трговец (13 евра).
Дуждевата палата е отворена секој ден:
Од 01 Април до 31 Октомври: 9:00 – 19:00 (последен влез во 18:00)
Од 01 Ноември до 31 Март: 9:00 – 18:00 (последен влез во 17:00)
Многу корисно да се знае!
Риалто мост
“Мостот на воздишките”
Пробајте jijeta – закуски со разни полнежи/
Палацо Контарино дел Боволо – качете се спиралните скали кои водат до врвот на обсерваторијата на овој плоштад
Посетете ги островите:
Бурано – познат по шарените куќички
Мурано – познат по производството на стакло
Лидо – ќе ви пружи ден за плажа
Гранд Канал – главната артерија на Венеција.
Корисни информации за движење со вапорета:
Цената на вапорето е 9 евра за возење до 75 минути со било кое вапоре.
Се препорачува купување на дневна или повеќе дневна карта за вапорето.
Дневната карта за вапорето чини 25 евра, дво-дневна карта чини 35 евра.
Вапорета може да се купат и карти за превоз во комбинација со влезници за музеји, трансфери од аеродром, паркинг…
Картите можат да се резервираат пред поаѓање, преку мене.
Погледнете ја интерактивната мапа за движење со вапоретата низ Венеција: Интерактивна мапа
Купените карти треба да се разменат со на машините кои ги има на многу места низ Венеција .
Најпопуларната линија е број 1 за движење низ Гранд Канал. Води од железничката станица Санта Лучија или автобуската станица/паркинг место и плоштадот Пиаза Рома – Венеција и до најзначајните точки на Венеција вклучувајќи Риалто мостот, Св. Марко плоштадот Линија 1
Линијата се обраќа од 04:40 наутро до 23:00 часот навечер.
Како да се стигне до Мурано и Бурано со Вапорета.
Станица Фондамента Нове Венеција (одалечена 1 км пешки од Св. Марко плоштадот)
Oвие станици се најпрактични и патувањето до Мурано е најкратко. Трае 9 минути во еден правец.
Вапорета со следниве броеви поаѓаат од оваа станица до Мурано: 4.1, 4.2, 12, 13 и N (ноќно вапоре).
Напомена: Линијата број 12 продолжува и за Бурано, доколку би сакале прво Бурано да го посетите.
Станица Пијазале Рома Венеција до Мурано. Поаѓа Вапорето со број 3. Траење на патувањето 34 минути.
Станица Мурано Фаро А – поаѓа Вапорето од Мурано за Бурано.
Исто Вапорето се враќа и за Мурано и до Венеција, до станицата Фондамента Нове. Патувањето од Мурано до Бурано трае околу 30 минути, а до Венеција станица Фондамента Нове 40 минути.
Од Лидо Ди Јесоло пристаниште Пунта Сабјони (Сабјони) се обраќа вапорето Линија број 14 Линија 14
Место на поаѓање од Пунта Сабјони е од док Б – линија 14 на која треба да пишувам Венеција – Св. Марко. Во прилог слика и мапа од местото на поаѓање.
Вапоретата се обраќаат на секои 30 минути, а последното е во 00:30 од Венеција.
Ве молам на лице место проверете на таблите за поаѓање уште еднаш времињата и точките на стоп.
Бидејќи истата линија, но од друга точка (док) поаѓа и за островите Мурано и Бурано.
Картата е валидна за сите линии и ако се фати погрешна линија, може да се промени на следниот док, но би се изгубило време.
Местре до Венеција
Еден практичен начин да се стигне од Местре до Венеција е со автобусите кои поаѓаат од станицата во центарот на Местре – Корсо дел Пополо Местрина, како и од главната железничка станица во Местре и застануваат до Либерта’ Санта Чиара станицата во Венеција.
Автобуси има на секои 15 минути 24 часа на ден.
Можете да ги погледнете точките на поаѓање и стоп на следниот линк Точки на поаѓање.
Друг практичен начин да се стигне од Местре до Венеција е од Местре главната железничка / автобуска станица до Венеција Пијаца Рома или Св. Лучија железничката станица, со воз или автобус Видеа.
Патувањето трае 19 минути, а цената на билетите се движи од 1,5 евра во еден правец и 2,9 евра повратен билет по лице.
Последниот воз е околу 21:30 часот.
Да се користат возовите на Трениталија регионални (Regionale) или Regionale Veloce.
Картите можат да се купуваат онлајн пред време, преку мобилна апликација на Трениталија, на машините на железничката или од канцелариите за карти на Трениталија на железничка.
Од железничката станица Местре поаѓаат и автобуси до плоштадот Пијаца Рома многу често, а цената на картите е иста како и за воз 1,5 евра во еден правец и 2,9 евра повратен билет по лице.
Од Местре до Венеција Пијаца Рома може да се стигне и со такси, одалеченоста е 9 км и цената во еден правец е околу 15 евра за возило.
Возовите од Местре главна железничка поаѓаат од следната точка Точка.
Возовите во Венеција Пијаца Рома застануваат на следниот стоп Видеа.
Веднаш пред нив се и водните автобуси – вапоретата или може пешки да се движите низ градот.
Доколку престојот е во Местре, предлог места за посета во Местре се:
Пијаца (плоштад) Форето – пулсирачкото срце на градот, дел со многу ресторани, таверни, барови.
Форт Маргера, одалечен на 3 км од Местре, е поранешна воена крепост, денес место со паркови, канали, многу ресторани, музеи со многу активности, изложби, уметнички изведби, концерти…
Сан Ѓулијано Парк, одалечен на 3 км од Местре, е еден од најголемите паркови во Европа.
Пешачката зона Виа Палазо е историска улица во Местре каде може да се измешате со локалните жители и да го почувствувате духот на градот.
Виа Алесандро Поерио – елегантна и од скоро реновирана зона за прошетки во Местре.
